„World Scholar’s Cup“ доаѓа во Струмица

Вчера, 7 септември, во нашето училиште гостин беше „алапака-директорот“ Даниел Бердичевски, кој доаѓа од Лос Анџелес, САД. Тој пред ученици од нашето училиште го најави регионалниот натпревар „World Scholar’s Cup“ кој ќе се одржи во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.

Натпреварот се одржува во повеќе дисциплини меѓу кои дебатирање и заедничко пишување. Тој се одвива во повеќе рунди при што се учествува на регионално и глобално натпреварување а победниците ќе учествуваат во натпреварот на шампионите кој ќе се одржи во универзитетот Јејл во Њу Јорк, САД. Натпреварите нудат екскурзии на местата каде што ќе се одвиваат.

Освен дебатирањето и заедничкото пишување, учесниците може да учествуваат и во настаните „Училишна чинија“ и „Училишен натпревар“ каде што се решаваат тестови од областа на науката, литературата, историјата и слично.

ФОТО: МИТКО НИКОВ