На 25 и 26 ноември, во Институтот за хемија на ПМФ во Скопје се одржа манифестацијата „Ноември – месец на науката 2017“ за средните училишта каде што од нашето училиште учествуваа 36 ученици во категориите – биологија и хемија.
„Ноември – месец на науката“ е настан со научно-популарни предавања на интересни теми од природни науки и математика, пополнето со демонстрации, работилници како и презентации од наставници, се со цел разменување на искуства и идеи за успешна реализација на наставата. Манифестацијата беше организирана од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија и Природно Математичкиот Факултет, во соработка со повеќе здруженија.
Од нашето училиште со награди се здобија вкупно 18 ученици, под менторство на професорката по биологија – Василка Хаџи Котарова и професорката по хемија Снежана Илиевска Поповска.
Во натпреварот по биологија:
- првото место го освоија учениците Јани Ѓеоргиев и Стефани Поповска со демонстрација на механизмот на бубрежната филтрација,
- второто за Аница Дедејска и Катерина Тасева со демонстрација на локомоторен систем,
- додека третото место го освоија Афродита Делева и Ѓурѓица Ѓузелова со демонстрација на респираторен систем.
Во натпреварот по хемија:
- категорија I и II година – второто место го освоија Бојана Витанова и Слободанка Димитрова со “синиот облак“,
- додека во категорија III и IV година:
- прво место за Марта Митева и Анастасија Пенева со “Подводни експлозии“,
- второ за три тандеми од нашето училиште,
- Клементина Бусева и Тијана Стојкова со експериментот “Barking Dog”,
- Стефанија Манасова и Марија Трајчовска со “Хемискиот топ“,
- како и Стефан Шунтов и Мартин Мастев со експериментот “Chemical Volcano and Fire blizzard with chromium oxide”,
- додека со трета награда од овој натпревар се закитија, Алма Усеин и Теодора Шарламанова со “Крваво железо“.