Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ за упис во прва година беа обезбедени 376 места во 11 паралелки.
Од вкупната бројка нови ученици кои ги прима училиштето 238 се во гимназиското образование, а останатите 138 во стручното образование.
По денешниот втор уписен рок гимназиско образование се запиша уште 17 ученика и остануваат уште 47 слободни места. На економскиот смер во овој рок се запишаа 17 ученика, а остануваат уште 48 слободни места.
Третиот уписен рок ќе биде на 21 август.
