Освен учењето на предвидениот материјал според програмата, средното е период кога се градат профили на личности кои ќе може да успеат во животот. Ние ви откриваме уште неколку правила кои треба на време да ги дознаете за да го извлечете максимумот од вашиот живот. Бидете љубезни кон бубалиците. Големи се шансите еден ден да работите за нив.
Нема да заработувате 10.000 евра годишно штом ќе излезете од средно училиште. Нема да бидете ни потпретседател со службен телефон, сè додека не го заработите тоа!
Доколку мислите дека наставникот ви е строг, почекајте да добиете шеф или директор.
Печењето плескавици и служењето во ресторан не е понижувачко. Луѓето со искуство знаат дека печењето плескавици и работата како келнер и слично имаат едно име – ШАНСА.
Ако погрешите, вашите родители не се ниту одговорни, ниту треба да ве спасуваат од ситуацијата. Затоа немојте да се жалите, туку учете од нив!
Пред вие да се родите, вашите родители не беа досадни. Тие се сега такви бидејќи мора да ги плаќаат вашите сметки, да се грижат за вашата облека и постојано да слушаат дека вие сте помодерни од нив. Пред да ја спасите шумата од паразити, пробајте да ја средите вашата соба.
Вашето училиште има начин како да се справи и со победниците и со губитниците, животот нема. Училиштата каде што се укинати негативните оценки и учениците добиваатбезброј прилики да го дадат правилниот одговор немаат допирна точка со вистинскиот живот.
Животот не е поделен во полугодија. Нема слободни лета и скоро никој не е заинтересиран да ти помогне да се пронајдеш себеси. Затоа искористи го времето додека го имаш.
Тоа што го има на телевизија не е исто со вистинскиот живот. Во вистинскиот живот, луѓето мора да го напуштат кафулето и да одат на работа.
Животот не е фер, прифатете го тоа!