Изминатиот викенд, Валандово беше центар на музиката во Македонија. Стотици ученици, заедно со своите наставници по музика, подредени во редици го чекаа својот настап. Трпеливо и најкултурно, иако надвор дува и повремено заросува. Ученици, кои своето слободно време го користат да музицираат, да растат и да се развиваат со музика. Наставници, кои часови и часови надвор од работното време им посветуваат на овие ученици. И додека се бара модел за превенција против насилство, ние наставниците по музика моделот го имаме години наназад. Затоа, повеќе музика во училиштата, хор и оркестар задолжителни! Затоа што музиката ја има таа моќ!
Viva la musica! ( Превземено од Павлинка Вељаноска )
Хорот на нашето училиште го освои второто место. Честитки за ученичките и нивната менторка Анита Станковска.