Учениците од ДСД паралелките од прва, втора и трета година при СОУ „Јане Сандански“ Струмица го посетија Weihnachtsmarkt – Божиќниот базар, кој оваа година се одржа во Прилеп.
Настанот беше организиран од Здружението на наставници по германски јазик, со поддршка на Гете-институт Скопје и Германската амбасада. На базарот присуствуваа голем број ученици од различни градови низ Македонија, што придонесе за прекрасна празнична и интеркултурна атмосфера.
Со свои обраќања на настанот се обратија претседателката на здружението, г-ѓа Габриела Темелкоска, претставничката на Гете-институт Скопје, г-ѓа Гордана Бабоска, како и амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, г-ѓа Петра Дрекслер.
Самиот настан беше збогатен со разновидна културна програма подготвена од учениците од основните и средните училишта во Прилеп, како и со голем број штандови кои го пренесоа духот на божиќната традиција.
Посетата претставуваше одлична можност за учење на германскиот јазик во автентичен и интерактивен контекст, каде учениците преку директна комуникација, културна размена и практични активности го продлабочија своето јазично знаење и ја почувствуваа живата употреба на германскиот јазик надвор од училницата.
Оваа посета беше организирана од проф. Александра Минкова и проф. Билјана Витанова Ангелова.
Едно незаборавно искуство исполнето со јазик, култура и празнична магија.





