Љубица Томчева и Анита Василева подготвени за државен натпревар

Натпреварот Наноматеријали – материјали на иднината во организација на Технолошко-металуршкиот факултет извади на површина многу амбициозни ученици. Некои од нив учествуваа на натпревар за прв пат и им се посреќи со тоа што беа наградени на регионалниот во Струмица и добија влез на државниот натпревар.