„Здравјето нема цена“ е првата успешна акција на спортистите!

Најдобриот начин за докажување се натпреварите, за спортување се терените, а за мотивирање е споделеното искуство. Во училиштето постојано функционираат женските и машки екипи во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, ориентација, а деновиве за прв пат имавме шанса да ги видиме во заедничка здружена акција.