Во понеделник стартува запишувањето во трите средни општински училишта во Струмица во кои, во прва година ќе можат да се запишат вкупно 1248 ученици. Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши на 22 и 23 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни.
При пријавувањето учениците треба да поднесат пополнета пријава за запишување (пријавите ги обезбедуваат училиштата и се бесплатни), оригинални свидетелства од шесто до деветто одделение и извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавање).
