FutureSkill+ Alliance – Прва мобилност во Нарва, Естонија!

Нашата нова Еразмус FutureSkill+ приказна започна одлично во Нарва! Учениците и наставниците од Норвешка, Естонија, Грција, Шпанија и Македонија пет дена работеа, учеа и беа дел од естонскиот образовен систем.

Фокус на AI тренинзи и нови знаења

Работилниците ни донесоа:

  • практични примери како AI ја поддржува наставата и учењето
  • алатки за повисоко критичко размислување, креативност, истражување
  • активности поврзани со роботика, како се тренира модел за вештачка интелигенција преку разбирливи примери

Естонија како пример за модерно образование

Посетивме неколку училишта и факултети и посебно не инспирираше фактот што Естонија има едно од најнапредните и најдигитализирани образовни опкружувања во Европа. Современите кабинети, роботика и интеграција на технологија во секој чекор, покажуваат колку далеку може да стигне училиштето кога дигиталната трансформација е јасна цел.

Нашите ученици – најдобар показател

И покрај тоа што учениците од Македонија немаат пристап до исто ниво на технолошка инфраструктура, тие покажаа одлични резултати и најмногу проактивност во AI активностите. Ова уште еднаш потврди дека талентот, трудот и водството се поважни од опремата – а дека проектите како FutureSkill+ се неопходни за да го скратиме дигиталниот јаз.

Соработка и следни чекори

Нашиот тим : партнери од факултетот Норд од Норвешка-координатор на проектот, училиштата од споменатите држави, заедно со НВО Think Up Digital ќе изработуваат материјали, кои ќе бидат основа за онлајн FutureSkill платформа со вградена AI алатка за таргетирано учење.

FutureSkill + Alliance продолжува, со уште поголема сигурност дека технологијата може да донесе вистинска промена!

Нашиот тим се состоеше од учениците: Иван Гарванлиев, Петар Бунгурџиев, Златица Витанова , професорите Славица М. Ефтимова и координаторот на проектот: Софија Тошева.