Утре, 1 септември 2026 година (вторник), започнува новата учебна година во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.
Со почеток во 7:30 часот ќе се одржи приемот на учениците од прва година, на кои им посакуваме топло добредојде во нашето училиште и успешен почеток на едно ново поглавје од нивното образование.
Во истиот термин ќе се одржат и класни часови за учениците од втора, трета и четврта година, со што официјално ќе започнат активностите во новата учебна 2026/2027 година.
На сите им посакуваме успешна, исполнета и инспиративна учебна година, многу нови знаења, успеси, пријателства и убави заеднички моменти!
