Професори по германски јазик учествуваа на стручна конференција во Германија посветена на DSD програмата

Од 30 јуни до 2 јули 2026 година нашите професорки по германски јазик Билјана Витанова Ангелова и Александра Минкова учествуваа на стручната конференција DSD / DSD Pro што се одржа во Минстер, Германија.
Во фокусот на конференцијата беа наставата по германски јазик, планирањето заеднички наставни активности, како и развојот на нови меѓународни проекти и партнерства.
Заедно со колеги од Црна Гора, учесниците разменија искуства, добри практики и нови идеи. Притоа беа воспоставени нови професионални контакти и отворени нови можности за идни соработки и заеднички Erasmus+, DSD и DSD Pro активности.
Програмата им овозможи на нашите професорки подетално да се запознаат со германскиот образовен систем, особено со дуалното образование (Berufsausbildung). Беше посетано училиштето Berufskolleg Ludwig-Erhard, разговаравме со професори, ученици и DSD одделенија, ја посетивме компанијата Brillux и одблиску видовме колку е значајна поврзаноста меѓу образованието и пазарот на трудот.
Особено инспиративно беше учеството во проектот „Begegnung mit Osteuropa“ и посетата на неговата завршна манифестација во Дуизбург. Се надеваме дека веќе следната година и нашите ученици ќе бидат дел од овој вреден меѓународен проект.
Особено нè радува и започнатата соработка со Technische Hochschule Ostwestfalen-Lippe, каде што се запознавме со можностите за студирање, а договоривме и заедничка онлајн средба за учениците и наставниците од СОУ „Јане Сандански“ ‒ Струмица.