И ова лето беше исполнето со литературни успеси, признанија и убави моменти за нашите ученици, кои со своите творби покажаа дека љубовта кон македонскиот јазик, литературата и пишаниот збор раѓа прекрасни резултати.
Благоја Георгиевски продолжи да ниже успеси и признанија:
– трета награда на литературниот конкурс „Дванаесет тивки ѕвезди 1943“, посветен на Дванаесетте ваташки младинци;
– второ место во категоријата млади поети на Третите скопски вечери, меѓународна поетска манифестација;
– гран при за поетска творба на меѓународниот литературен фестивал „Свет од зборови“;
– негова творба е застапена и во значајниот литературен алманах „104 години ТАКЕЦ“, издание на 350 страници, кое ги обединува творбите на поети и писатели од земјата, регионот и дијаспората.
Софија Стојанова исто така имаше исклучително успешно и творечко лето:
– со своја творба е застапена во алманахот – збирка „Дванаесет тивки ѕвезди 1943“, посветена на Дванаесетте ваташки младинци;
– нејзиниот есеј на конкурсот „Од срце за Миладиновци“ е избран меѓу најуспешните творби и ќе биде објавен во тематската збирка „Зборник за Браќата Миладиновци“;
– Софија Стојанова ова лето оствари уште едно значајно достигнување – учествуваше на Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“, во организација на Здружението за литература и култура „Мацково“ од Охрид, под покровителство на УНЕСКО и претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова. Препознаена како млада поетска надеж.
Ментор на учениците е професорката по македонски јазик и литература Боркица Филева.
