МАССУМ е натпревар за средни стручни училишта кој се одржува години наназад. На истиот тој натпревар, нашето училиште речиси секоја година се натпреварува во областа Најдобар штанд.
Оваа година натпреварот се одржа на 22 и 23 април, каде ученичките од четврта година: Верица Тодорова, Живана Пепиќ, Анета Василева, Олгица Димковска и Ангела Манасиева под менторство на професорките Македонка Манушева, Јованка Михајловиќ, Катерина Милушева и Гордана Василева Вукашиновиќ го освоија првото место на МАССУМ 2016 за најдобар штанд со промовирање на единствената деловна виртуелна банка во Македонија- ЈС БАНКА.