Еден од многуте одржани натпревари викендов беше и натпреварот во програмирање во областа на информатика.
Државниот натпревар беше одржан оваа сабота (26.03) во ФИНКИ, каде што се натпреваруваа 110 ученици од цела Македонија, а од нашето училиште беа тројца.
Еден од нив беше Димитар Бајрактаров кој доби прва награда, освојувајќи 414 поени, а со тоа овозможи пласман за Олимпијадата која ќе се одржи за 2 недели!
Ѓорги Каламерников доби пофалница за успешно учество, а Никола Тошев се здоби со признание за учество.
Честитки до првокласните успеси на учениците, а исто така и до менторот, професор м-р.Софија Тошева.