Нашето училиште во соработка со Бирото за вработување и главниот провајдер СЕПУГС Арсени Јовков – Скопје одржа обука по сметководство за невработени лица.
Обуката ја реализираа професорите од економската струка Полина Ашикова и Ленче Пиличева.
Лицата кои беа опфатени успешно ја завршија обуката по сметководство и во иднина ќе имаат можност да аплицираат за работни места од областа на сметководството и ревизијата во поголеми претпријатија во кои постои сметководствен сектор. Освен тоа би можеле да се вработат во сметководствени бироа како асистенти или самостојно да водат сметководство во сопствено претпријатие.
Денес беа доделени сертификатите на најдобрите од обуката за невработени лица.