Денес во нашето училиште беше одбележан Ден на дрвото. Настава не се одржуваше но, сите ученици беа присутни во училиштето и со најразлични активности го одбележаа денот на дрвото.
Додека едни ученици беа задолжени за расчистување на своите училници и кабинетите во училиштето, други беа задолжени за уредување на училишниот двор. Надвор беа засадени нови дрвја кои ќе го разубават нашиот училишен двор.
Со помош на професорите денес акцијата беше успешно извршена.