Одвнатре – нанадвор

Текст на Гордана Василева – професор по стручни економски предмети

ОДВНАТРЕ – НАНАДВОР

Меѓусебната зависност вреди повеќе од обичната зависност.

Сите ние го започнуваме својот живот како новороденчиња, целосно зависни од другите. Континуитетот на зрелоста прогресивно не префрлува од зависност до независност, а потоа до меѓусебна зависностЗависноста е тити грижи се за мене; ти преброди место мене; ти си крив. Независноста е јасјас можам да го направам тоа; јас сум одговорен; јас можам да бирам. Меѓусебната зависност е ниение можеме да го направиме тоа; ние може да соработуваме;  ние може да ги здружиме нашите таленти и можности и да создадеме нешто подобро заедно.

Карактерната етикавели дека постојат основни принципи за ефикасно живеење и дека луѓето можат да доживеат вистински успех и долготрајна среќа само ако научат да ги интегрираат овие принципи во нивниот карактер.

Етиката на личноставели дека успехот е повеќе дел од личноста, јавниот имиџ, ставовите и однесувањето, способноста и техниките, нешто што го подобру-ва процесот на човечката соработка (Се што може човечкиот ум да науми, може и да постигне).

Затоа, мора да погледнеме во лупата низ која го гледаме светот, и да сфатиме дека лупата се оформува според начинот на кој го доживуваме светот.

Не чекајте се да биде совршено, никогаш нема да биде совршено…Секогаш ќе има предизвици… Проблеми и лоши услови… Па што… Започнете сега… Со секој чекор што ќе го преземете… Ќе станете се посилни и посилни… Повешти, со поголема самодоверба… И се поуспешни…Потрудете се прво да разберете, а потоа да ве разберат. Овој принцип е клучот до ефикасната меѓусебна комуникација.

За крај: пребарај го своето срце трудољубиво, затоа што таму ќе ги најдеш одговорите за животот.