На ден 08.06.2016 во нашето училиште, „Јане Сандански“, беше отворена сала за видео – конференција, а во рамките на проектот Е-учење во далечина. На ова модернизирање на наставниот процес присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и претставници на Општината. Собната видео – конференција претставува еден од современите начини за учење на далечина преку современа информациско – комуникациска технологија. Со нејзината примена, СОУ „Јане Сандански“ ќе може да остварува идни соработки и предавања со други училишта и обуки со институции во земјава и странство.
Првата видео – конференциска врска денеска беше воспоставена со средното училиште „Моша Пијаде“ од Тетово.
Салата е наменета за учење од далечина, која ќе им овозможи на учениците и професорите да разменуваат искуства, да остваруваат соработки и да користат нови методи со цел да го подобрат квалитетот на знаењето. Воедно беше презентиран и начинот на користење на ваков вид електронско учење.
Секое едуцирање на учениците е добредојдено за гимназијата „Јане Сандански“, рече директорката Вања Изова Велева. Два дена подоцна беше првата видео конференција со училиштето од Италија, со кое веќе подолго време соработуваме.
Е – учење во далечина се во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“ кој се реализира во партнерска соработка меѓу општина Струмица и Фондацијата отворено општество – Македонија.