Минатиот месец по повод одбележувањето на десет години од смртта на Борис Трајковски – поранешниот претседател на Република Македонија, Министерството за образование и наука распиша конкурс за средношколците. „Верувам во Македонија“ беше темата-предизвик за неколкумина наши ученици кои испратија свои есеи на адресата на Министерството. Нашата ученичка Катерина Караманова (III година) е добитник на престижната прва награда, а Елизабета Муканова (IV година) на трета награда. Доделувањето е закажано за понеделник во просториите на МОН.
За Катерина Караманова ова е втор пат да биде наградувана за есеј посветен на Борис Трајковски, откако беше победник на традиционалната Ораторска вечер во негова чест минатата година. Зад нејзиното име стојат и награди по јавно говорење, поезија…
Матурантката Елизабета Муканова е нам добро позната млада поетеса која докажано успешно плива во водите на поезијата. Со својата најнова награда на конкурсот за проза покажува дека нејзината конкуренција за пишанот збор на национално ниво е многу мала.
Честитки за наградените ученички кои нижејќи бројни награди успешно го афирмираат нашето училиште, а нам ни останува да се гордееме, воодушевуваме и да им посакаме уште поголеми успеси!