Во моментот страницата ПРАШАЊА ЗА ЕКСТЕРНО не е во функција затоа што базата се пополнува со нови 415.000 прашања. Исто како за тестирањето на матурантите, предметите кои ќе ги полагаат учениците ќе ги дознаат на три дена пред почетокот, a прашањата ќе бидат достапни вечерва во 21:00 часот.
„Екстерното ќе се спроведе врз основа на стандардите и процедурите како што најавивме, односно како што беше спроведено за учениците од завршните години, односно матурантите. Тоа ќе биде исто така повторно со јавен базен, сега за сите останати генерации. Сите ќе ги имаат на увид прашањата. Ќе има доволен период за коментари, доколку има извесни забелешки“, изјави министерот Спиро Ристовски.
Екстерното тестирање оваа година ќе се спроведе од 2 до 10 јуни и ќе бидат опфатени вкупно 183.511 ученици од 678 основни и средни училишта.