Сè што ви треба за да поднесете приговор за матура

Кандидатите кои полагале државна матура доколку сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот, имаат право да поднесат приговор на резултатите.

Учениците кои сакат да поднесат приговор треба да ја пополнат ПП50 образец како на примерот од сликата. ВАЖНО: Уплатницата и пријавата (која може да се симне ОВДЕ) треба да бидат пополнети со ПЕЧАТНИ БУКВИ.
prigovor
Уплатниците и пријавите треба да бидат однесени во училиштето кај техничкиот секретар Слободанка Ментинова каде што кандидатот ќе добие потврда за прием каде е наведен и деловодниот број со кој е заведена пријавата (горе лево на пријавата).

ПОВАЖНИ ДАТУМИ ПОВРЗАНИ СО ПРИГОВОРОТ: 

Незадоволните ученици може да достават приговор на 15, 16 и 17 јули до 15 часот (само три дена!). Сите приговори доставени надвор од наведениот рок нема да се земаат предвид. Резултатите од разгледаните приговори ќе бидат објавени на 22 јули најдоцна до 10 часот. Закажувањето термини за увид во тестовите, во термин од 09 до 14 часот ќе се одржи на 23 јули. Увид во тестовите на кандидатите кои се најавиле ќе се врши на 24 јули во просториите на ДИЦ во Скопје.

Доколку кандидатот сака да поднесе приговор за повеќе од еден предмет, за секој од предметите треба да пополни посебен образец и да приложи уплатница.