Нашето училиште оваа година за прв пат учествуваше на Меѓународниот натпревар ’’The International Young Inventors Project Olympiad’’ во Грузија.
На проектот „Соларен панел за 10 евра’’ нашите ученички од трета година – Ана Тодорова, Ана Чукарска и Сања Дамјанска, под менторство на Трајче Милков за два месеци направија одличен проект.
Од вкупно 114 пријавени проекти од 34 земји во светот, проектот на нашето училиште беше одбран како најдобар изум поради високата ефикасност, прилагоденост кон околината и ниската цена.
Нашите ученички со својот одлично изработен проект освоија златен медал на натпреварот. Честитки до ученичките и нивниот ментор.