На покана од годинешниот домаќин наш тим учествуваше на Економијадата во Белград како набљудувачи, а идната година ќе учествуваме со свои натпреварувачи.
Домаќин на наредното издание на овој натпревар ќе биде економското училиште во Љубљана. Ученици од сите земји од бивша Југославија ќе бидат дел од мешани групи што ќе помогне во надминување на разликите во говорното подрачје.
„Со секое учество, сите присутни се победници“, рече Дејан Недиќ – директор на Втора економска школа од Белград.
Целта на „Паметна економија“ е согледување на знаењата на децата од целиот регион на бивша Југославија во областа на економијата. Покрај тоа, се запознавме со програмите и подрачјата (смеровите) на другите економски училишта. Заклучокот беше дека со дружење и учење се надминуваат стереотипите кои не раздвојуваат.
Професорките Гордана Василева и Јованка Михаиловиќ ја искористија Економијадата за три нови збратимувања и тоа со економските училишта од Чачак, Сараево и Загреб.
Оваа година учество зедоа 12 училишта: две од Белград, по едно од Чачак, Загреб, Подгорица, Љубљана, Бања Лука, Сараево и како набљудувачи училишта од Бјеловар, Аранѓеловац и нашето училиште како единствен претставник од Р. Македонија.