Четирите паралелки од четврта година од економската струка во нашето училиште во изминатиов период беа ангажирани во рачна изработка на интересни украси и декорации со Новогодишни и Божиќни мотиви од чија продажба парите ќе бидат насочени во хуманитарни цели. Украсите беа изработувани на часовите по практична настава во кабинетите по економија. Продажбата ќе се одржи в четврток, на 25. декември, во 10:30h во училиштниот хол, а во петок, од 10:30h економистите од четврта година ќе одржат и продажба на домашно подготвена храна. Секоја паралелка сама ќе одлучи каде ќе ги насочи собраните парични средства од продажбата на украсите.
Учениците од економските паралелки со рачни изработки за хумани Новогодишни и Божиќни празници
