ДУЕЛ: Има ли цел интерактивната настава?

Новиот и сè почесто применуван метод во училиштето е актуелен кај професорите, но и кај учениците. Едните се трудат максимално да го искористат за полесно да го пренесат материјалот и да ги задржат учениците внимателни, а другите пак бараат од професорите поголема креативност и предавања кои ќе им го привлечат вниманието. Прочитајте ги спротивставените мислења на професорката Зорица Витанова и ученичката Мануела Златкова.