Христијан Мучев и Анета Ѓоргиева имаат идеја за вечно трајни уреди

Натпреварот Наноматеријали – материјали на иднината за две години стана хит меѓу учениците. За некои можеби најактуелен заради примамливите парични награди, но за сите подеднакво голема можност да го надоградуваат знаењето и да ги искористат своите визии за решенијата кои би ги понудиле на светот.