И годинава од отпад до мода!

Годинава, на 5 јуни, ќе се реализира четвртиот по ред „Trash Fashion Macedonia 2014“ натпревар. И оваа година секое средно училиште ќе може да учествува и да се претстави со еден моден дизајн кој ќе го изработуваат тим на ученици водени од училишниот ментор/наставник.