Кариерно советување – совет за средношколци

Колку и да сметаат дека многу добро и промислено го одбрале училиштето каде да го продолжат своето образование и дека тоа е во склад со нивните карактеристики, не треба да заборават дека секој се школува за да работи и низ работата да обезбеди материјална егзистенција за себе и своето идно семејство, но и да ги оствари своите потенцијали. Затоа најважно од се е добро да се запознаат себе, да ги проверат своите потенцијални избори во соработка со стручно лице – кариерен советник. Никој не е способен исклучиво само за едно занимање (професија), потенцијални избори секогаш има повеќе.