Во рамките на прославувањето на патронатот на нашето училиште, 22 април – 100 годишнина од смртта на револуционерот Јане Сандански, покрај другите активности тој ден ќе се случи и еден друг голем и уникатен настан. На патронатот ќе биде одржана промоција на монографијата „70 години настава на македонски јазик”.
„Тоа се два значајни јубилеја кои оваа година ќе бидат достојно обележани. Промоцијата на монографијата ќе биде дел од свечената академија и преку неа граѓанството ќе може да се потсети и да ги оживее настаните кои ги одбележаа овие 70 години развој и растеж на нашата гимназија“, рече професорката Катерина Милушева која воедно е и автор на монографијата.
Монографијата опфаќа седум поглавја и тоа:
– Градот Струмица
– Биографски елементи за нашиот патрон празник
– Струмичката гимназија низ историјата и денес
– Личната карта на нашето училиште
– Сите постигања и резултати по активи
– Проектите во кои е вклучено училиштето
– Соработките кои ги има на државно и меѓународно ниво.
Многу историја, активности, достигнувања… целиот дух на училиштето во една книга.

