МЕП клубот од нашето училиште од 15 до 17 февруари ќе престојува во Скопје за да биде дел од втората национална конференција на европскиот парламент.
По првото учество во октомври 2012 година нашите ученици допринесoa Струмица да стане активен учесник на програмата Модел Европски Парламент чиј домаќин во нашата земја е меѓународното училиште „Нова“.
Овие три дена нашиот МЕП клуб, заедно со уште седумдесетина ученици од дваесет македонски средни училишта, ќе дебатира, дискутира и пишува резолуции за најважните прашања во Европа.
