Нашето училиште се прилучи на Envirate Week

Со садење на дрвја во дворот на училиштето и кај пречистителната станица во Струмица, нашето училиште се приклучи на глобалната иницијатива „Act now! Save the future!“, која се одржува во рамки на Envirate неделата.

Наши ученици под менторство на професорката Славица Милева-Ефтимова засадија вкупно 30 дрвја, донирани од ЈПКД „Комуналец“, од кои 13 јасени во училишниот двор и 17 јавори кај пречистителната станица во Струмица.

Envirate неделата траеше од 6 до 13 март и е организирана од глобалните мрежи Environment Online и Envirate, а во истата учествуваа 150 училишта од 39 земји. Преку мобилната апликација на Envirate, истите дрвја беа регистрирани и претставени на картата на апликацијата.

Постер за учеството на нашето училиште во иницијативата, изработен од Јана Мицева, I-3
Постер за учеството на нашето училиште во иницијативата, изработен од Јана Мицева, I-3

Напишете коментар