„Никола Карев“ и „Јане Сандански“ во Струмица организираа младинска акција во дворот на средното училиште „Никола Карев“

По повод Меѓународниот ден на мирот, во септември, 2019 година, повеќе од 150 ученици од средните училишта „Никола Карев“ и „Јане Сандански“ во Струмица организираа младинска акција во дворот на средното училиште „Никола Карев“

За време на повеќечасовниот настан, учениците од различни етнички заедници работеа на неколку креативни иницијативи.  Дел од младите хортикултурно го уредуваа училишниот двор, ги бојадисуваа металните и бетонските конструкции во дворот, а нов лик добија и корпите за отпадоци.

Младинската акција е продолжение на долготрајниот процес во кој учествуваа средношколците од Општина Струмица, во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Младите од двете училишта заедно ги идентификуваа проблемите во градот со коишто се соочуваат како млади личности. Еден од предизвиците за коишто изразија желба и самите да помогнат да се надмине беше токму лошата состојба на училишните дворови.

Кон крајот на минатата учебна година, младите заедно преземаа волонтерска акција за разубавување на дворот на средното училиште „Јане Сандански“ и со нетрпение го очекуваа почетокот на новата учебна година за да организираат слична акција и во училиштето „Никола Карев”.

Акцијата беше поддржана од Општина Струмица и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во соработка со Младински образовен форум.

Напишете коментар