Професори од струмичките училишта се едуцираа за проектот „Пробот“ на нашето училиште

СОУ „Јане Сандански“ во соработка со факултети и училишта од други држави учествува во проектот Еразмус КА2: „Пробот“. Во проектот се развиваат лекции од областа на математика, информатика и физика во два дела: О1 – за ученици и О2 – за наставници со помош на робот Лего Мајндсторм ЕВ3.

Предвидена е практична примена со оригинални програми, изработени во програмскиот јазик Python. Предвидени се шест проектни состаноци и еден завршен настан во Полска во јуни 2020 година. На проектните состаноци ќе присуствуваат 20 ученици и 6 наставници.

Во овој проект од нашето училиште учествуваат професорите Славица Милева-Ефтимова, Софија Тошева, Елизабета Витанова, Бобан Цветковиќ и Ванчо Белчовски.

Овој настан беше организиран да се запознаат наставниците од основните и средните училишта со проектот. Присуствуваа 25 професори. На состанокот, професорката Елизабета Витанова ја презентираше лекцијата „График на линеарна функција“.