Германска јазична диплома (DSD) на Постојаната конференција на министрите за образование и култура (KMK)

Германската јазична диплома е училишна програма што заеднички ја администрираат федералната и покраинските влади во Сојузна Република Германија. Централниот комитет, составен од по тројца претставници од германските покраини и од федералната влада (Министерство за надворешни работи и Сојузна служба за надворешни работи – Централна агенција за германски училишта во странство), ги регулира сите аспекти на DSD и затоа е одговорен и за развојот и администрирањето на испитите за Германската јазична диплома и признавањето на резултатите од испитите.
Учениците од училиштата со одобрение за DSD имаат право да ги полагаат DSD испитите. За да се одобри програмата потребно е да се исполни следниов предуслов: Наставата по германски јазик да следи соодветна наставна програма, насочена кон одредени цели и да се состои од најмалку 600 наставни часа од по 45 минути (DSD I и DSD I PRO) односно најмалку 800 наставни часа (DSD II). За испитите за Германска јазична диплома – прво ниво (DSD I) и прво ниво за стручни училишта (DSD I PRO) треба да се покаже познавање на германскиот јазик на рамниште Б1 од Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), додека за испитите за Германска јазична диплома – второ ниво (DSD II) треба да се покаже познавање на рамништата Б2/Ц1 од ЗЕРРЈ.
Испитите се спроведуваат низ целиот свет на датуми што се централно одредени. За секој испитен термин е обезбеден стандардизиран испитен материјал и испитите се оценуваат централно во Германија. Засега годишно полагаат околу 85.000 ученици DSD-испити.
Локално поддржана е програмата DSD од стручните советници за германски јазик; во германските училишта во странство, директорот е одговорен за спроведување на испитите.
Учениците кои не стекнале квалификација за упис на високообразовна установа каде што наставата се одвива на германски јазик, мора при упис на студии на универзитет во Германија, покрај стручната квалификација за упис, да докажат и соодветно познавање на германскиот јазик.
Германската јазична диплома на Постојаната конференција на министрите за образование и култура – второ ниво (DSD II) може да се користи како доказ за потребните јазични знаења за студирање на универзитетите во Германија.

Програмата DSD се спроведува во нашето училиште од 2025 година. Учениците имаат можност да го полагаат испитот DSD I PRO.

https://www.auslandsschulwesen.de/DE/Deutsch-lernen/DSD/dsd_node.html

https://www.kmk.org/themen/deutsches-sprachdiplom-dsd.html