Преку СОУ „Јане Сандански“ Струмица 6 ученици учествуваа на 15 дневна работилница во Троген во детското село Песталиција во Швајцарија.
На 25.09.2015 година го споделија своето искуство со нивните соученици преку интерактивна работа во која беа вклучени истите, односно тие презентираа за: Конфликти, Детските права, „ЛГБТ“, Миграции и Комуникација.
„Ми беше чест и задоволство да го споделам своето искуство со моите соученици и да им го презентирам она што ми остави најголем впечаток.“ – Вели Верица Христова една од ученичките која учествуваше во меѓународниот проект.
Сите присутни ученици на денешната работилница го споделија своето лично мислење и им поставија парашање на презентерите.