Министерството за локална самоуправа на Република Македонија во соработка со Министерството за евро-интеграции на Република Албанија објавува Конкурс за најкреативно кратко видео на тема „5 причини зошто сакам да ја посетувам мојата соседна земја“. Рокот за аплицирање на конкурсот наместо до 20 октомври се преместува до 31 октомври 2017 година.
Видеото треба да биде во форма на селфи со максимално времетраење од 60 секунди, а во содржината да се наведат 5 причини поради кои сакате да ја посетувате соседната земја. Прогласувањата и доделувањето на наградите ќе се одржи на 10 ноември 2017 година во Струга. Записите може да се пратат на е-маил адресата 104neigbour@gmail.com со краен рок до 17:00 часот, 31 октомври 2017.