Хуманитарна акција на YMLP и GLOW

Организациите YMLP и GLOW организираат хуманитарна акција за децата со посебни потреби од училиштето „Св. Климент Охридски“ во Ново Село. Следува целосно известување од организациите:

„Младинските организации YMLP и GLOW, во соработка со сите средни и основни училишта од Струмица и Ново Село организираат хуманитарна акција за децата со посебни потреби од училиштето “Св. Климент Охридски” во Ново Село. Учениците и наставниците можат да се приклучат на нашата акција преку донирање на облека, играчки, чевли (влечки) и училишен прибор во вашите училишта.

Деновите за донирање во училиштата се следните: Понеделник (27.11) – ООУ “Мануш Турновски”, Ново Село Среда (29.11) – ООУ “Видое Подгорец” и ООУ “Никола Вапцаров” Четврток (30.11) – СОУ “Јане Сандански”, ООУ “Сандо Масев” и ООУ “Маршал Тито” Петок (01.12) – СОУ “Димитар Влахов” и СОУ “Никола Карев” И можете да донирате секој ден до петок во Јахја Кемал.

Сите заинтересирани надвор од училиштата, кои сакаат да донираат можат да не контактираат на нашата страна и ние ќе ве известиме како и каде може тоа да го направите.

Исто така, имаме оставено кутии за донации на парични средства во БУ и Бисер па можете и таму да донирате.“