На 15 декември во хотелот Континентал во Скопје се одржа еднодневниот Иновативен камп – натпревар во претприемачки вештини под покровителство на Junior Achievement, на кој учествуваше и СОУ „Јане Сандански“ со 5 ученици. Вкупно 140 средношколци од 28 средни училишта од земјава, поделени во 24 тимови, работеа на проблем за кој презентираа иновативни решенија.
Три тимови беа наградени во кои нашиот ученик Ристе Ѓоргиев од IV-3 го освои третото место, Ева Ангелова од IV-1 го освои второто место а тимот број 4 во кој беше Ирена Илиева од IV-1 го освои првото место. СОУ „Јане Сандански“ на овој камп зеде учество со 5 ученици, а се врати со три награди, што претставува извонреден успех.