Новата учебна 2018/19 година започна денеска за околу илјада ученици во гимназиската и економската струка на нашето училиште. Оваа година најмладата генерација ја сочинуваат вкупно 288 ученици.
Учениците од прва година денеска се запознаа со своите класни раководители и училиштето. Вкупно 183 од нив се запишале во гимназиско образование, а 105 ученици во економско образование.
Оваа учебна година нашето училиште планира да го продолжи своето залагање од областа на екологијата и да работи на добивање зелено знаме.
Со ова годинава ќе бидат започнати неколку проекти од областа на екологијата меѓу кои промовирање кај учениците да се селектира отпадот, како и да се користи велосипедот како превозно средство до училиште.