Минатиот петок наши ученици беа во посета на Собранието на Република Македонија. Заедно со свои врсници од земјата тие учествуваа на семинар на тема „Демократијата и Собранието“ кој беше организиран од Парламентарниот институт на македонското Собрание.
Неколку наши ученици под менторство на професорката Борка Дончева минатиот петок зедоа учество во еднодневниот едукативен семинар кој се одржа во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.
Целта на семинарот е работата на Собранието да се приближи до младата популација и да придонесе во развојот на нивната свест за придобивките од демократијата.
Учениците кои учествуваа на семинарот потоа имаа можност да се запознаат со зградата на Собранието преку организирана обиколка низ неговите најрепрезентативни простории како што е Собраниската сала.