Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира по седми пат, а оваа година учениците од основните и средните училишта твореа на тема „Јазикот на душата“.Пристигнаа голем број творби од училиштата ширум Македонија. Селектиран број на прозни и поетски творби се објавени во печатено издание, како и во електронска книга.
Наградени се следниве ученици:
Средни училишта
1. Јана Костовска, II год. СУГС „Никола Карев“ – Скопје
2. Зорица Василева I год., СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
3. Габриела Костевска II год., СОУ „Богданци“, Богданци
4. Александра Атанасова, IV год., СОУ ,,Јане Сандански“ – Струмица
5. Теодора Седмакова III год., СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје
Основни училишта
1. Ања Пандилов, 8 одд, ООУ„Браќа Миладиновци“ – Скопје, о. Аеродром
2. Сара Цветкова VII б одд, „Мирче Ацев“ – Скопје, о. Ѓорче Петров
3. Деан Павловски IX одд., ОУ „Елпида Караманди“ – Битола
4. Бојана Мајсторовска VIII одд., ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола
5. Ева Ивановска IX одд., ООУ „Св.Климент Охридски“ – Делчево
Учениците од основните училишта се наградени со стипендии за школување во Приватното средно училиште „САБА“, а учениците од средните училишта се наградени со учество на еднонеделна обука за толеранција и позитивно однесување кај младите, што ќе се одржи на Кипар во 2021 година, проект којшто Фондацијата „Никола Кљусев“ го спроведува со партнери од други европски држави.