Утре (10.12.2015) во 10:00 часот во просториите на СОУ„Јане Сандански“-Струмица ќе се отвора банка за пракса на учениците од банкарскиот смер.
Банката беше подготвувана речиси еден месец.
Таа е опремена со технолошки средства, нов инвентар и други нови прегледни помагала. Од утре па понатаму учениците ќе имаат можност да ги применат своите вештини благодарејќи на банката за пракса.