Денес на Технолошко – Металуршки Факултет во Скопје се одржа регионалниот натпревар Наноматеријали.
Ученици од нашето училиште долго време се подготвуваа за натпреварот и денес го покажаа својот резултат.
На натпреварот учествуваа Нина Хаџи – Котарова и Митко Белмезов под менторство на професорката Зуле Цонева и го освоија првото место. Без спор од жирито добија максимум поени, 100 од 100 поени.
Со третото место се здобија ученичките Ана Цамбулева и Вероника Поповска под менторство на професорката Снежана Илиевска Поповска.
И двете групи ќе го продолжат своето натпреварување на републичкиот натпревар Наноматеријали.
Им честитаме на учениците и нивните ментори, им посакуваме успеси и на републичкиот натпревар!