Вториот уписен рок е на 1 и 2 јули, а резултатите ќе бидат објавени два дена подоцна на официјалната фан страница на училиштето.Осмоодделенците од Струмица и струмичко од оваа година имаат шанса да го продолжат своето средно образование во перспективен нов профил банкарски техничар кој е воведен единствено во две училишта во Македонија.
СОУ „Јане Сандански“ заедно со прилепското „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе ги подготвуваат идните банкари.
Банкарскиот техничар е смер кој треба да профилира кадар кој полесно ќе најде работа на пазарот на трудот. Со него се овозможува развивање вештини за работа во банки и други финансиски институции, а и дообразување во областа на банкарството.
Покрај трите паралелки за економски техничар, во учебната 2013/2014 година СОУ „Јане Сандански“ ќе добие нова паралелка банкари.
Вториот уписен рок е на 1 и 2 јули, а резултатите ќе бидат објавени два дена подоцна на официјалната фан страница на училиштето.