Месец на науката: Нашето училиште достојно претставено

Во сабота, на 30.11.2019 година на ПМФ(Природно-математички факултет) во Скопје се одржа манифестацијата ,,Месец на науката” на која нашето училиште беше достојно претставено во областа на хемијата и биологијата.

Трајче Манчевски од прва година освои трета награда, под менторство на професорката Снежана Илиевска-Поповска.

Сара Барбутова(експеримент ,,Јоден часовник”) од втора година освои трета награда, под менторство на професорката Снежана Илиевска-Поповска.

Антонела Арсова(експеримент ,,Ерленмаеров фенер”) од втора година освои втора награда, под менторство на професорката Зуле Цонева.

Јасна Алексиќ(модел: Менструален циклус) од трета година освои трета година, под менторство на професорката Василка Хаџи Котарова.

Ученичките Ана Тодорова(експеримент на изненадување) под менторство на професорката Снежана Илиевска-Поповска, Зора Лазарова и Стефанија Ацевска(експеримент/модел: Осмоза) , под менторство на професорката Василка Хаџи Котарова се здобија со сертификати.

Нашето училиште ја поддржува оваа манифестација од самиот почеток, па така четврта година по ред нашите ученици се носители на повеќе награди и училиштето Јане Сандански од Струмица забележано како училиште со најмногу учесници и најголем број освоени награди.