2 награди за наши ученици на седмата Олимпијада по Експериментална Физика (ЕПО 7)

На 7.12.2019 год. во Скопје на Природно-математичкиот факултет(ПМФ) се одржа седмата Олимпијада по Експериментална Физика на која нашето училиште го претставуваа дваесеттина ученици меѓу кои Димитар Трајков освои трета награда во својата категорија, а Димитар Џорлев го освои првото место и исто така титулата апсолутен победник.

На оваа Олимпијада нашето училиште учествува веќе неколку години по ред и веќе втора година по ред апсолутниот победник е наш ученик.