Струмичките средношколци економисти домаќини на „Економијада 2019“

Деновиве во Струмица се одржува меѓународната средношколска манифестација „Економијада“, чиј домаќин за оваа година е нашето училиште. Манифестацијата официјално започна вчера, а учениците, кои доаѓаат од поранешните југословенски простори, во текот на викендов учествуваат на активности од истата на кои меѓусебно разменуваат искуства и познавања од областа на економијата.

Манифестацијата ќе трае до 17 март и за истата во Струмица се пристигнати претставници од вкупно 11 училишта од Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, а како единствени претставници од Македонија се економистите од нашето училиште. Економијадата низ годините се претвори во традиционален настан, така што истата се одржува од 2009 година.

Целта на оваа манифестација е поврзување на учениците преку дружење, запознавање со културата на земјите-домаќини, натпреварување меѓу учениците од областа на стручните економски предмети, размена на искуства за различни проекти и слично.

Меѓу денешните активности од Економијадата кои се одржаа во големата сала на Домот на АРМ беше и играњето квиз насловен „Паметна економија“ на кој првото место го освоија нашите ученици, втори беа економистите од Подгорица, Црна Гора, а трети учениците од Бања Лука, Босна и Херцеговина.

На состанок кој се одржа меѓу директорите на сите 11 училишта вклучени во манифестацијата беше донесена одлука домаќин на Економијадата за наредната година да биде училиштето од Сараево.

Погледнете ја ФОТОГАЛЕРИЈАТА од денешните активности на Економијадата

Напишете коментар