Футсал тимот најдобар на општинско ниво

Училишниот футсал тим минатата недела одигра натпревари со екипите на останатите средни училишта од Струмица во Меѓуопштинската училишна лига во женска конкуренција и го освои првото место, пласирајќи се на зонските натпревари.

На финалните натпревари нашиот женски футсал тим ја совлада екипата на СОУ „Никола Карев“ со 3:1 и одлучувачки издвои победа од 6:0 против тимот на СОУУД „Димитар Влахов“. Претходниот натпревар тие повторно издвоија победа над СОУ „Никола Карев“ со 4:1, а со СОУУД „Димитар Влахов“ загубија со 3:4 на пенали.

Составот на нашиот училиштен тим: Ивана Николова, Елена Паневска, Теодора Николовска, Македонка Ѓоргиева, Кристина Митева, Славица Цветанова, Добрица Милчевска, Јана Колева, Наталија Делевска, Марија Комарова, под менторство на професорот Атанас Цикарски.