Десеттина наши ученици на младински камп во Охрид за меѓуетничка интеграција

Минатата недела десеттина наши ученици учествуваа на младински камп во Охрид на кој заедно со 60-тина ученици од 6 средни училишта од цела Македонија се запознаа со правата на учениците, дискриминацијата, средношколското организирање и креативниот активизам.

Кампот се одржуваше од 20 до 22 октомври и присуствуваа 60-тина ученици од различни етникуми од 6 средни училишта од Македонија, вклучувајќи го и нашето. Истиот беше организиран од Македонски центар за граѓанско образование и USAID Macedonia во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

Учениците присуствуваа на предавања каде што се запознаа со содржини од областа на дебата и аргументирано изразување, ученички права, креативен активизам и средношколско организирање, како и на работилници каде што создаваа креативни слогани, цртежи, песни.

Учениците имаа можност и сами да отворат дискусии, па заедно со своите врсници од цела Македонија тие разговараа на различни теми меѓу кои спорт, јазик и интеграција, феминизам, ментално здравје, образование.